фото: facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial

Златен медал за македонскиот боксер Бајрам Мамутовски на Балканското првенство за јуниори и младинци

Голем успех оствари македонскиот боксер Бајрам Мамутовски кој освои злато на јуниорското и младинско балканско првенство во Романија.

Боксерот на БК Куманово 84 дојде до златниот медал со победата против Бадеа Драгош од Романија.

Во својата категорија 48 кг. претходно Мамутовски во полуфиналето го совлада Молдавецот Јон Плинга.

Муратовски годинава имаше сребрен медал на меѓународен турнир во Бања Лука, а беше прогласен за најдобар боксер на турнир во Лесковац.

На Балканското младинско првенство во Романија до сребро дојде Ери Хани (86 кг.), а со бронзени медали се закитија Адријан Рустемовски (54 кг.) и Ружди Рустемовски (60 кг.)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот