Фото: Rawpixel

Зимско чистење на тепихот: 3 природни средства против дамки и нечистотии

Темелното чистење на теписите најчесто го пролонгираме за пролет. Меѓутоа, сигурно нема да чекате да дојдат пролетните денови за направите едно длабинско чистење на теписите во вашиот дом. Отстранувањето на дамките и непријатните мириси можете да го направите во три чекори со помош на три ефикасни природни средства.

Пред да се подготвите за чистење на вашиот тепих, потребно е прво да го исчистите со правосмукалка. Трите најголеми проблеми на теписите е нечистотија заплеткана во влакната, дамките и непријатниот мирис. Следно, чекор по чекор, со помош на природни средства, тепихот можете да го доведете во ред.

Средства за длабочинско перење на тепихот:

– 1/2 филџан сода-бикарбона
– 10 капки етерично масло од чедар и 10 капки етерично масло од лимон

Сите состојки ставете ги во пластична кеса и оставете ги да отстојат еден ден. Најпрво морате темелно да го исчистите тепихот со правосмукалка, потоа попрскајте ја целата смеса по површината на тепихот, па испрскајте го со чиста вода и со четка добро истријте го тепихот. Оставете го да отстои најмалку половина час, а потоа исчистете го тепихот со правосмукалка.

Средствa за отстранување на дамки од тепихот:

– 3 дц јаболков оцет
– 7 дц сок од лимон
– 1/2 литар вода
– 1 лажичка сода-бикарбона
– неколку капки етерично масло од лаванда

Сите состојки ставете ги во сад и добро измешајте ги, па во истиот сад ставете ја четката за перење на теписи, па со неа добро истријте ја површината на местата каде што има дамки. Со оглед на тоа дека смесата е составена само од природни состојки кои не создаваат пена, тепихот не е потребно да се исплакне, туку едноставно оставете го да се исуши, а по сушењето убаво исчистете го – поминете го со правосмукалката.

Средства за отстранување на непријатниот мирис од тепихот:

– 2 лажици природен течен сапун
– 40 мл бел оцет
– 1/2 литар топла вода
– 1 лажичка боракс
– 6 капки етерично масло од лимон, 3 капки етерично масло од чајно дрво

Сите состојки ставете ги во стаклен сад и добри измешајте ги. На крајот ставете ја смесата во шише-спреј и додадете вода. Добро протресете го и со спрејот испрскајте ја целата површина на тепихот, оставете го да се исуши околу 20 минути и тогаш исчистете го тепихот со правосмукалка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот