фото: Ѓорче Петров - ЖРК

ЖРК Ѓорче Петров денеска брка четвртфинале во Европскиот куп

Денеска од 18.00 часот македонскиот женски ракометен клуб Ѓорче Петров ќе го игра реваншот од осминафиналето во Европскиот куп на гости против Хазена Кинжварт.

Во првиот натпревар одигран во Скопје ракометарките предводени од тренерот Симе Симовски триумфираа со три голови разлика (32:29).

Останува да се види дали ваквата предност ќе биде доволна за пласман меѓу најдобрите осум екипи во ова натпреварување.

Судии на денешниот меч ќе бидат Руслан Лошак и Анаталија Новиков од Украина.

Составот на ЖРК Ѓорче Петров: Кицеска, Чурлиновска, Велкова, Костовиќ, Коларовска, Ѓорѓиевска, Е. Божиновска, М. Јанкуловска, Грковска, А. Јанкуловска, И. Божиновска, Ризоска, Николовска, Дамјаноска, Николиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот