Кристијано Роналдо, фудбалерот на Манчестер јунајтед/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Жорге Мендеш повторно му го понуди Роналдо на Челси

Менаџерот на играчот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, Жорге Мендеш повторно му го понудил португалскиот репрезентативец на лондонски Челси, тврди британски „Индепендент“.

Британските медиуми пишуваат дека Мендеш пред неколку недели им го понудил Роналдо на „сините“ од Лондон, но менаџерот на Челси, Томас Тухел тогаш изјавил дека неговиот клуб не е заинтересиран за португалскиот фудбалер.

Мендеш сака да провери дали Тухел се предомислил. Информации велат дека славниот менаџер сè уште бара клуб за Роналдо, со кој би играл во Лигата на шампионите.

„Гаѕета дело спорт“ во неделата објави дека менаџерот на Роналдо бил во контакт со Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој оваа сезона ќе игра во најквалитетното европско клупско натпреварување, но дека немало договор.

Остануваат уште неколку дена до крајот на преодниот рок, а Мендеш го понуди Роналдо и на Реал, Атлетико, Баерн, Дортмунд, Олимпик од Марсеј…

Роналдо од семејни причини го пропушти најголемиот дел од претсезонските тренинзи на Јунајтед, а во клубот од „Олд Трафорд“ дојде непосредно пред стартот на новата сезона. Португалецот остана во редовите на „црвените ѓаволи“, иако медиумите тврдеа дека е незадоволен од ситуацијата во клубот кој со години не се бори за трофеи.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ неодамна изјави дека медиумите шират невистини за него и дека наскоро ќе се обрати пред јавноста и ќе каже што навистина се случувало во претходниот период. Тој има договор со Манчестер јунајтед до крајот на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот