
Животната приказна на Марија Калас: Аферата со грчкиот милијардер ѝ ја уништи кариерата и на крајот остана сама
На денешен ден, 16 септември 1977 година, во Париз почина една од најголемите оперски диви на сите времиња – Марија Калас. Нејзиниот извонреден глас и драматичен приватен живот ја направија легенда која и денес предизвикува восхит, пишува „Стори“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Минатата година, во 2024, нејзината приказна оживеа и на големото платно преку филмот „Марија“ (Maria), во кој главната улога ја толкуваше Анџелина Џоли.
„Ќе дадам сè од себе за успешно да одговорам на овој предизвик“, изјави Џоли пред снимањето.
Таа ја претстави Калас – жена која зад сцената носеше тежок товар на љубовни разочарувања и лични трагедии.
„Многу сериозно ја сфаќам одговорноста за животот и наследството на Марија“, рече актерката, нагласувајќи дека одамна се восхитува на режисерот Пабло Лараин.

Калас беше популарна дури и повеќе од многу холивудски ѕвезди. Првиот голем триумф го доживеала во 1949 година, настапувајќи во оперите на Рихард Вагнер и Винченцо Белини. Често пеела во прочуената „Ла Скала“ во Милано, која во 50-тите години станала нејзина главна сцена. Во Лондон започнала да настапува во 1952, а токму таму ја завршила кариерата во 1965 година. Но, јавноста не ја следеше само поради нејзиниот извонреден глас, туку и поради бурниот љубовен живот.
Во 1949 година се омажила за 27 години постариот бизнисмен Џовани Батиста Менегини, кој за неа имал татковска улога. Бракот бил без страст, што подоцна ја насочило кон друг маж.

Судбоносниот момент доаѓа кога во Венеција ја запознала 17 години постариот грчки милијардер Аристотел Оназис. Иако и двајцата биле во брак, нивната афера брзо станала јавна. На јахтата „Кристина“, каде што бил поканет и нејзиниот сопруг, Калас му подлегнала на шармот на Оназис. Подоцна го замолила Менегини за развод, но милијардерот никогаш не ѝ понудил брак – таа останала неговата љубовница, а тој ја ценел нејзината слава, но не и уметноста.
„За мене слушањето арии е како двајца италијански готвачи да извикнуваат рецепти за рижото“, знаел да каже.
Калас останала бремена од Оназис и во 1960 година родила син кој живеел само неколку часа. Детето го нарекла Омeро Ленгрини. Оваа загуба, заедно со понижувањата од љубовникот, оставил силна трага врз нејзиниот глас и кариера. Милијардерот често ја навредувал, нарекувајќи ја „само гостинка како пејачка од ноќен клуб“. Најголемиот удар дошол кога во 1968 година се оженил со Жаклин Кенеди, вдовицата на американскиот претседател. Веста Марија ја дознала од весниците. Иако повторно ја обновиле аферата, нивната врска останала токсична и болна.

Калас, сакајќи да му се одмазди, започнала врска со тенорот Џузепе ди Стефано, со кого настапувала на последните концерти. Последната турнеја ја одржала во Јапонија во 1974 година. По смртта на синот на Оназис и неговото сопствено влошено здравје, тој ја повикал кај себе и ѝ признал: „Те сакав. Не секогаш добро, но толку колку што можев“. По неговата смрт, Марија се вратила во Париз и водела осаменички живот.
Во 1977 година, година и пол по смртта на Оназис, Калас починала во својот париски стан. Лекарите рекле дека причината е срцево заболување од прекумерна употреба на седативи. Нејзиниот пепел бил расфрлан по Јонското Море, кај островот Скориос, каде што бил погребан и Оназис. Тоа ја изненадило јавноста, бидејќи Калас цел живот била против кремирање. Постојат и шпекулации дека можеби била убиена, особено поради сомнителното однесување на нејзината блиска довереничка Васо Девеци, која инсистирала на итна кремација и наводно украла пари и документи. На крајот, богатството од 10 милиони долари било поделено меѓу нејзиниот поранешен сопруг и нејзината мајка.