Клаудија Кардинале / Фото: Wikimedia Commons / Deri Miklos

Животната приказна на Клаудија Кардинале: Останала бремена на 17 години откако била силувана, но одлучила да го роди детето

Клаудија Кардинале, една од најголемите европски и светски филмски икони на 20. век, почина на 87-годишна возраст во Немур, близу Париз. Нејзиниот живот е приказна полна со контрасти – од болни тајни и трауматични искуства до светска слава и незаборавни улоги во ремек-делата на Фелини, Висконти и Леон, пишува „Еспресо“.

Кардинале е родена во Тунис во семејство со сицилијанско потекло. Судбината ја одвела кон филмот по сосема случаен пат – во 1957 година победила на натпревар за убавина и како награда замина на Филмскиот фестивал во Венеција. Нејзините природни црти, темни очи и магнетска харизма ја направиле забележителна уште од првиот миг.

Иако на почетокот не зборувала стандарден италијански, а нејзиниот глас бил синхронизиран, брзо станала миленичка на филмската индустрија.

Зад блескавата појава, Клаудија криеше мрачна тајна. На 17 години била жртва на силување од странец, по што останала бремена. Наместо да ја прекине бременоста, таа одлучила да го роди своето дете – Патрик.

„Од ужасното искуство се роди најубавото нешто во мојот живот. Никогаш не помислив да се ослободам од бебето“, ќе изјави подоцна таа.

Но, поради страв од скандал, детето со години го претставувала како нејзин брат. Само блиските знаеле дека Патрик е нејзин син.

Продуцентот Франко Кристалди, кој ја заштитил за време на бременоста, подоцна влезе во нејзиниот живот како сопруг и менаџер. Нивниот однос беше тежок – брак без љубов, исполнет со контрола и љубомора. Живееле во одвоени куќи, а Кардинале се чувствувала како затвореник во сопствената слава.

„Бев заложник на договорот. Не љубов, туку должност,“ кажа таа за тој период. По осум години, во 1975 година, се разведе и конечно го посвои Патрик, станувајќи негова мајка и по закон.

Вистинската среќа ја пронајде со режисерот Пасквале Сквитери, со кого ја доби ќерката Клаудија помладата. Со него живееше три децении и иако на крајот се разделија, секогаш зборуваше со почит за човекот кого го сметаше за своја единствена љубов.

Во текот на својата кариера, Клаудија Кардинале се појави на повеќе од 900 насловни страници низ целиот свет и стана симбол на убавина без експлицитност – никогаш не прифати да позира гола. Магазинот „Лајф“ ќе напише дека таа е „совршен спој на едноставност и сензуалност“, а британскиот актер Дејвид Нивен ќе ја нарече „најсреќниот изум на Италија, веднаш по шпагетите“.

По бурниот живот, таа се повлече во приватност, уживајќи во тишината и малите радости.

„Научив дека токму малите нешта го прават животот вреден“, изјави Кардинале во едно од своите последни интервјуа.

Почина филмската дива Клаудија Кардинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот