Жителите на Загреб ќе маршираат за поголема заштита на децата во училиштата

Во центарот на Загреб, вечерва ќе се одржи марш за зголемување на безбедноста во училиштата, откако на 20 декември во основно училиште, ученик со нож нападна и уби седумгодишно дете, додека наставничката и неколку ученици се здобија со тешки повреди.

Маршот е во организација на три училишни синдикати, со отворен повик за присуство кон сите граѓани. Настанот ќе биде одржан со молк, без транспаренти со цел да се оддаде почит кон жртвите.

Организаторите ги повикаа граѓаните од цела Хрватска да се соберат пред училиштата во своите места и од властите да побараат подобра безбедност во образовните институции.

Родителите бесни по трагедијата во Загреб – напаѓачот можно е да не заврши во затвор

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот