Лукашенко/ Фото EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV / SPUTNIK / KREMLIN POOL

Жителите на Белорусија мора да добијат дозвола од Минск за да живеат во странство

Жителите на Белорусија кои сакаат да живеат во друга земја мора да поднесат барање до миграциските власти во Минск, се вели во владиниот декрет објавен денеска, јави ДПА.

Канцеларијата потоа ќе го разгледа случајот и ќе донесе одлука во рок од 35 дена врз основа на информации за даночните обврски, задолжителниот воен рок и претходните пресуди. Претходно, граѓаните требаше само да го информираат белорускиот конзулат во дадена земја за дозволата за престој добиена таму.

Авторитарната поранешна советска република ја зајакнува контролата врз луѓето кои живеат во странство, забележува ДПА.

Неодамна граѓаните беа информирани дека нивните лични документи ќе може да се издаваат само во Белорусија, а не во странство. Ова значи дека жителите на земјата ќе мора да се враќаат во Белорусија најмалку еднаш на секои десет години за да ги обноват своите документи.

Белоруските државјани кои живеат во странство се околу 1,5 милиони, а некои од нив избегаа поради репресијата на лидерот на земјата Александар Лукашенко, јави ДПА.

Населението на Белорусија е нешто повеќе од девет милиони жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот