Еден од автомобилите кои изгореа во пожарот / Фото: 24инфо.мк

Жители на зграда во Хиподром во чија гаража изгореа автомобили не можат да се вратат дома, можно е да не е безбедно

Жители на зграда во скопската населба Хиподром, во чиј подрум пред неколку дена изгореа два автомобила и мотор, и натаму не можат да се вратат во своите станови бидејќи можно е тоа да не е безбедно, пишува „24 инфо“.

Според станарите, пожарот кој избил рано утрото во неделата бил толку голем, што мора да се чека вештачење за да се види во каква состојба е статиката на зградата. Покрај ова, миризот на гарежот го прави престојот во зградата неподнослив, велат тие.

Огнот зафатил и делови од електричната инсталација на зградата, како и цевки за вода.

Во пожарот изгореле автомобили „БМВ“ и „Мерцедес“, како и мотор „Пјаџо Беверли“, соопшти полицијата во понеделникот.

„На 14.07.2025 во 04:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Хиподром, скопско, настанал пожар во гаражен простор во склоп на зграда, во кој биле зафатени патничко возило ‘мерцедес’, патничко возило ‘бе-ем-ве’ и мотоцикл ‘беверли’, сите со скопски регистарски ознаки и сите сопственост на А.С. (32) од Скопје“, информираа од МВР.

„Мерцедес“, „БМВ“ и мотор му изгореле на скопјанец рано наутро во гаража од зграда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот