Вардариште - Дива депонија - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Вардариште - Дива депонија - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Жители на Аеродром секој ден ќе блокираат крстосница меѓу булевари поради „Вардариште“

Жители на скопската општина Аеродром најавија дека секој ден во 16 часот ќе ја блокираат раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“ сѐ додека не се најде трајно решение за дивата депонија „Вардариште“, која неколкупати летово се палеше, а поради пожарот жителите на населбата остануваа без струја.

Револтот кулминираше по последниот голем пожар на депонијата, кога заради безбедност беа исклучени далекуводите што ја снабдуваат со струја Аеродром и Лисиче, оставајќи ги граѓаните пет часа без електрична енергија. Мирисот на запалено сѐ уште се чувствува, иако во интервенцијата учествуваа пет противпожарни возила.

Жителите велат дека бараат итно решение и отворено истакнуваат дека не ги интересираат претстојните избори. Дополнително, незадоволството расте бидејќи на 1 септември децата се вратија на училиште во услови на густ чад и неподнослива миризба.

Попладнево во 18 часот тие ќе одржат состанок, на кој треба да ги усогласат деталите околу секојдневните протести што веќе ги најавија преку флаери и јавни известувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!