
Жесус му даде четири гола на Вотфорд, Њукасл во победничка серија
Фудбалерите на Манчестер сити славеа со убедливи 5:1 на Вотфорд и му избегаа на четири бода на Ливерпул во трката за шампионската титула. „Граѓаните“ се лидери на табелата со 80 бода, четири повеќе од Ливерпул кој утре го игра градското Мерсисајд дерби со Евертон.
Препорачано
Главна ѕвезда на натпреварот беше Габриел Жесус кој постигна дури четири гола. Првиот го постигна уште во четвртатата минута, а потоа во 23 минута зголеми на 2:0. Пет минути подоцна Камара намали на 2:1, но Сити на одмор замина со предност од два гола и тоа благодарение на Родри кој ја затресе мрежата на гостите во 34 минута.
Во второто полувреме, Бразилецот постигна уште два гола за убедлив триумф на Манчестер сити над Вотфорд, кој беше 15. по ред во меѓусебните пресметки.
Њукасл во 2022 година игра фантастично и според освоените бодови е втор во Премиер лигата зад Ливерпул. Последна жртва на најбогатиот клуб на светот е Норич кој е совладан со 0:3 за четврта победа по ред на Њукасл.
Жоелинтон во првото полувреме постигна два гола, додека конечниот резултат го постави Гимараеш во 49 минута.
Лестер и Астон Вила одиграа без голови на „Кинг Пауер“ стадионот.