Жените економски позасегнати од последиците на Ковид – 19

Проценките на ММФ покажуваат и дека жените во периодот на криза извршуваат повеќе неплатени домашни работи од мажите, околу 2,7 часа дневно.

Економскиот шок предизвикан од здравствената криза задава поголем удар врз жените, бидејќи тие се повеќе застапени во сериозно погодените сектори на услуги, малопродажба, туризам и угостителство, предупредува ММФ. Од таму додаваат дека коронавирусот може да го загрози напредокот постигнат од жените во последните три децении во намалувањето на економскиот јаз со мажите.

„Во САД, во периодот меѓу април и јуни, невработеноста на жените беше за два проценти поголема од таа кај мажите”, наведе извршниот директор на ММФ, Кристалина Георгиева.

Проценките на ММФ покажуваат и дека жените во периодот на криза извршуваат повеќе неплатени домашни работи од мажите, околу 2,7 часа дневно.

По укинувањето на рестриктивните мерки, на жените им треба повеќе време за да се вработат, велат официјалните претставници на ММФ, а девојките во многу земји во развој мораа да го напуштат училиштето и да почнат со работа за да ги пополнат буџетите на домаќинствата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот