Полиција/ Фото МВР

Жена загина откако ја удрил автомобил во Маџари, друга тешко повредена во слична несреќа во Козле

62-годишна жена од Скопје загина откако ја удрил автомобил во населбата Маџари, додека друга жена е тешко повредена во сличен инцидент во Козле, соопшти МВР.

„На 14.10.2022 во 18.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски” во Скопје, патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, упраувано од А.М.(34) од с.Батинци, скопско, удрило во пешакот П.Б.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка тереза”“, велат од полицијата за случајот со загинатата жена.

Во другата несреќа, зад воланот била германска државјанка.

„На 14.10.2022 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле” и ул.„Миле Поп Јорданов” во Скопје, патничко возило „пежо 207″ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.Б.(40) државјанка на С.Р.Германија, со привремен престој во Скопје, удрило во пешакот Ѓ.К.(82 ) од Скопје. Во несреќата Ѓ.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка тереза”“, се вели во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот