Угостителски објект / кафеана / илустрација

Жена тешко повредена на работното место во скопска кафеана

Вчера попладне полицијата добила повик од болницата „Св. Наум Охридски“, каде била примена 36-годишна жена од кумановско, која тешко се повредила на работното место во кафеана во скопската општина Карпош.

„На 25.02.2025 во 18:33 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена И.М.(36) од с.Четирце, кумановско. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во угостителски објект на подрачјето на Карпош. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и за настанот бил известен трудов инспектор“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот