Жена одбила да прими вакцина против ковид поради религијата, па добила отказ: Сега ѝ се исплаќа милионска отштета

Сојузната порота донела пресуда на поранешна вработена во приватната компанија за здравствено осигурување „Блу крос блу шилд“ со седиште во Мичиген, која тврдела дека неправедно била отпуштена од работа затоа што одбила да ја прими вакцината против ковид-19, да ѝ се исплати оштета од 13 милиони долари.

Како што пренесува Си-би-ес њуз, Лиза Домски поднела тужба во август 2023 година преку Окружниот суд на САД во Мичиген, тврдејќи дека била отпуштена од здравствениот систем, откако одбила да ја прими вакцината поради нејзината религија. Пресудата е донесена минатата недела.

Адвокатот Џон Марко во изјавата навел дека Лиза Домски е побожен католик и дека поднела барање за верско ослободување од вакцината за време на ковид-пандемијата. Домски, која работела во здравствениот систем речиси 38 години, дала писмена изјава во која ги објаснила своите уверувања, како и името и информациите за контакт на нејзиниот свештеник.

Марко навел дека „Блу крос блу шилд“ не го контактирала свештеникот, објаснувајќи дека може да се искористи писмената изјава на Лиза Домски, но наместо тоа ѝ било кажано дека ќе добие отказ доколку не ја прими вакцината. Домски одбила, по што и добила отказ.

Адвокатот рекол дека Домски добила 13 милиони долари, вклучително и 315.000 долари заостанати плати.

„Нашите предци се бореа и умираа за слободата на секој Американец да ја практикува својата вера. Ниту владата, ниту корпорациите немаат право да принудат поединец да избира помеѓу кариерата и совеста. Лиза одби да се откаже од својата вера и уверувања и беше неправедно отпуштена од единствената работа што некогаш ја работела“, се вели во изјавата на адвокатот.

Тој додал дека пресудата на поротата покажува дека „Во Америка нема место за верска дискриминација и го потврдува правото на секоја личност на верска слобода“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!