
Жена од Тексас наскоро ќе го види 21. целосно затемнување на Сонцето: „Мојот живот се мери со затемнувањата“
Шеесет и тригодишната Летиција Ферер од Тексас, Америка е обожавателка на затемнувања на Сонцето и тврди дека во потрага по целосно затемнување, патувала на сите седум континенти и океаните меѓу нив за да го види секој од 1998 година до денес како и неколку други пред тоа, пишува „Ројтерс“.
Препорачано
Целосното затемнување над Северна Америка во понеделник ќе го зголеми нејзиниот личен рекорд на 21, но овој пат таа не мора да патува далеку. Нејзиниот дом во Фармерс Бранч во областа Далас, Тексас е местото каде што ќе биде видливо целосното затемнување.
Сепак, таа има намера да патува еден час на југ само за да ужива во неколку дополнителни моменти од затемнувањето.
„Зависнa сум од чувството на тие неколку секунди или минути, да бидам едно со универзумот и навистина присутна и да го чувствувам тоа. А потоа, се разбира, секогаш има планирање за следното (затемнување)“, изјавила Ферер.
„Мојот живот се мери со затемнувања“, додала таа.
Ферер штеди за патување и одвојува време за одмор на работа за да го види овој природен феномен, за кој вели дека ќе ѝ биде трет во Северна Америка.
„Бев во Европа за едno од нив. Досега двапати бев во Африка. Отидов во Австралија трипати. Двапати до Антарктикот. Трипати отидов во Азија. И неколку океани. Ги имаше неколку, ние бевме во центарот на Атлантикот или во Пацификот. Немаше никаде копно“, рекла Ферер.
На Ферер ѝ беше дијагностициран рак на јајниците во 2017 година, но го одложи лекувањето за да може да го види затемнувањето таа година. Нејзиниот прв сопруг починал во 2010 година, а еден месец подоцна отпатувала во Јужна Америка.
„Гледав како неговите соништа умираат со него и нема да дозволам моите соништа да умрат“, заклучила таа.
Ферер, која води подкаст за затемнување на Сонцето и отпатува во Тексас за да држи предавања, вели дека се надева дека ќе доживее 103 години за да го види своето 50. целосно или делумно затемнување на Сонцето.