Жељко Бебек / Фото: Фејсбук / Жељко Бебек

Жељко Бебек се нашол среде силната бура во Сплит, избегнал катастрофа: „Никогаш порано не сум доживеал нешто вакво“

Жељко Бебек, еден од најпознатите музичари од нашиот регион, се нашол среде силната бура што го погоди Сплит. Кога започнало невремето, Бебек и неговото семејство престојувале покрај сплитската марина. Бурата предизвика значителна штета на бројни бродови, но нивната јахта Пахуљица, за среќа, поминала без поголеми штети, пишува „Вечерњи лист“.

Бебек ја опиша сцената како вистински „Армагедон“, нагласувајќи дека имале среќа бидејќи само еден јарбол паднал врз нивниот брод, што е најмалиот проблем во споредба со она што го доживеале другите. Неговиот автомобил исто така останал без штета бидејќи бил паркиран на безбедно место.

Бебек нагласи дека се чувствуваат навистина среќни бидејќи ништо сериозно не им се случило, но изрази жалење за големиот број оштетени автомобили и бродови во марината. Бебек призна дека никогаш не доживеал таква катастрофа и се надева дека никогаш повеќе нема да доживее.

„Никогаш во животот не сум доживеал таква бура и се надевам дека никогаш повеќе нема да доживеам. Среќа што бевме во бродот на суво на марината, имавме намера денес да го пуштиме во морето. Се разбудивме половина час пред бурата“, рекол Бебек.

Сега на марината ѝ е потребна поправка, бидејќи околу 60 бродови се превртеле, па прво ќе им се помогне, а дури потоа ќе дојде редот на другите. Бебек вели дека ќе почека неколку дена додека не се смири ситуацијата, а потоа ќе се посвети на она што најмногу го сака – едрење. Неговото семејство исто така ќе го помине ова лето ловејќи риба и едрејќи околу хрватските острови. Планираат прво да ги посетат Шолта и Вис, а потоа да одат подалеку на север, сè до Корнатските острови.

Покрај уживањето во морето, Жељко Бебек најави и бројни летни настапи.

ФОТО | Жељко Бебек го прослави 79. роденден во Лондон: Легендарниот пејач го помина овој посебен ден со семејството!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот