Жбогар одржа прием по повод неговото заминување

Самуел Жбогар функцијата евроамбасадор во нашата земја ја извршува од 1 септември 2016 година, кога го замени дотогашниот шеф на Делегацијата на ЕУ Аиво Орав.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, синоќа по повод неговото заминување од функција одржа прием, на кој присуствуваа високи функционери.

Премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил му порача на Жбогар дека неговата поддршка, неговото пријателство, искуство и трпение биле драгоцен стимул и партнер за нивната работа како Влада.

– Му благодарам за неговиот неизмерен придонес во зајакнувањето на соработката меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија и забрзување на нашиот пристапен процес во ЕУ, наведе Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека Жбогар е еден од најголемите поддржувачи на нашата земја на патот кон ЕУ.

– Му благодарам за поддршката во изминатиот период, особено во моментите на справување со пандемијата од ковид-19. Чест ми е што вечерва присуствував на приемот кој го организираше евроамбасадорот по повод неговото заминување. Европската Унија е нашиот партнер и заедно продолжуваме понатаму, потенцираше Филипче.

Самуел Жбогар функцијата евроамбасадор во нашата земја ја извршува од 1 септември 2016 година, кога го замени дотогашниот шеф на Делегацијата на ЕУ Аиво Орав.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел во јуни годинава го номинираше Дејвид Гер за нов шеф на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, кој треба да дојде на местото на Жбогар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот