Учесниците одговараа на 200 прашања - Фото И. С.

Жан Павлов прв квиз-шампион на Македонија

Илија Стевков е вицешампион, а на третото место е Бари Исени

Жан Павлов е победник на првото Државно квиз првенство на Македонија што се одржа денеска во просториите на Лабораториум.

Со овој натпревар официјално беше означен почетокот на новата сезона 2024-2025 на квизови, во организација на Македонската квиз асоцијација.

Победничката тројка Исени, Павлов и Стевков

Павлов победи со 115 поени, само четири повеќе од второпласираниот Илија Стевков и шест повеќе од Бари Исени на третото место.

Учесниците во поединечна категорија во две сеанси од по еден час одговораа на вкупно 200 прашања од осум теми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот