Ана Брнабиќ/ Фото EPA-EFE/Rafal Guz Poland Out

„Жалам, ама граѓанска војна во Србија нема да има“: Брнабиќ му одговори на Пленковиќ

„За жал за Андреј Пленковиќ, нема да има граѓанска војна во Србија“, изјави Ана Брнабиќ, претседателката на српскиот парламент, реагирајќи на денешната изјава на хрватскиот премиер.

„Пленковиќ вели дека Србија е на работ на граѓанска војна. И што друго? Тие толку многу го сакаа тоа и толку многу инвестираа во тоа. Тие знаат дека нивната стратешка цел – Александар Вучиќ да не е на чело на Србија, е единствениот начин да се постигне тоа. За жал за некои, а за голема среќа на Србија и на мнозинството нејзини граѓани, на целиот наш народ, ова ниту е вистина, ниту ќе се случи“, објави Ана Брнабиќ на „Икс“.

Претходно денес, на Бледскиот стратешки форум, Пленковиќ рече дека е скептичен дека Европската Унија ќе се прошири до 2030 година, тврдејќи дека „Северна Македонија е блокирана, Србија е на работ на граѓанска војна, а Босна и Херцеговина е под постојана закана од сецесионизам“.

Пленковиќ: Србија e на работ на граѓанска војна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот