Згрижени се старите луѓе од домовите затворени поради нехуман третман

Семејствата и институциите ги згрижија штитениците на двата старски дома во Скопје коишто беа затворени откако истрагата утврди дека во нив се вршеле злоупотреби и физичко насилство врз старите лица, објави порталот „Плусинфо“.

Од Министерството за социјална политика соопштуваат дека еден дел од старите лица живеат во своите семејства, а други се згрижени во државни домови за стари лица.

Инспекција влезе во старскиот дом „Арија“ – пратиле известување до МВР и до финансиската полиција

„Министерството за социјална политика, демографија и млади е во постојан контакт со семејствата и со поставените старатели за преземање на корисниците. Дел од корисниците се прифатени од своите семејства, додека, пак, за одредени корисници се отворени вратите на државните старски домови и на Клиничката болница во Скопје, доколку е утврдена потреба од лекување,“ одговориле од Министерството на прашањето на „Плусинфо“ дали се сместени сите корисници на двата старски дома.

На четири локации во Скопје вчера биле извршени претреси поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари луѓе, поради сомненија за нехуман третман. Денеска се вршат претреси на уште две поврзани локации. До овој момент уапсени се две лица.

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Н.Ј.(47) и Т.И. (58), двете од Скопје, кои се сомничат за нехуман, суров, деградирачки, нечовечки и понижувачки третман на стари лица за кои нивните семејства плаќале услуга за вонсемејно домување.

Претреси и апсења во домови за стари луѓе во Скопје, некој пријавил нехуман третман

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот