Пошта / Фото: "Слободен Печат" / Драган Митрески

Зголемена минималната плата во Пошта за 1.800 денари

Зголемена е минималната плата на вработените во Пошта за 1800 денари.

Од Вреди велат дека со ова зголемување исполнета е уште една обврска на Владата. Со решеност да се врати достоинството на работниците, како што истакнуваат направен е важен чекор за подобрување на условите заработа на вработените во Поштата на Северна Македонија.

„Под раководство на директорот Орхан Куртиши беше потпишан договор со синдикални претставници за зголемување на минималната плата на 24.400 денари – зголемување за 1.800 денари, согласно одлуката на Владата.

Ова е само почеток на серијата одлуки насочени кон радикална трансформација на јавниот сектор и животниот стандард на сите граѓани. Зголемувањата ќе продолжат постепено и во наредните месеци, согласно среднорочниот план на Владата за одржлив економски развој“,
велат од „Вреди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот