Фото: Принтксрин/Јутјуб/Marechal Aurore/ABACA/Shuttersto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Згасна љубовта на „бомбата“ од деведесеттите и милијардерот: По 9 годишна врска, Кејт Мос раскина со 13 години помладиот гроф

Познатата убавица Кејт Мос и тринаесет години помладиот гроф Николај фон Бизмарк ставија крај на деветгодишната врска. Легендарната манекенка, која дебитираше на ревијата на Викторија Сикрет во октомври, наводно ја раскинала врската поради тоа што имаат различни начини на живот, а некои шпекулираат дека причината е алкохолот.

Парот со години живеел заедно во Лондон, а Кејт наводно веќе се иселила од нивниот дом. Како што пренесува „Супержена“, тие наводно пред неколку месеци ја прекинале врската, но се смириле, а по официјалното раскинување останале во добри односи.

„Кејт почувствува дека одат во различни насоки. Таа на 50 години се чувствува одлично и сака да се забавува, додека Николај сака да ужива во помирен живот иако е 13 години помлад од неа“, открил извор близок на парот.

Кејт и Николај се во врска од 2015 година, а пред тоа веќе добро се познавале, бидејќи Кејт се дружела со неговата мајка.

Првите шпекулации за раскинувањето кружеа летово, кога Кејт се шетала рака под рака со внукот на Боб Марли, Скип Марли, но неколку дена подоцна таа се појави со Николај на ревијата на „Гучи“.

Тоа беше и последен пат да бидат видени заедно  во јавноста.

ФОТО | Кралицата се врати! Адријана Лима се „стопи“ и го покажа вонсериското тело на ревијата на „Викторија сикрет“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот