Земјоделци протестираат во Србија / фото: Fonet / screenshot

Земјоделци ќе им готват гулаш на побунетите студенти во Нови Сад

Во знак на поддршка за студентската блокада на Универзитетот во Нови Сад, српско земјоделско здружение најави дека ќе организира готвење на гулаш за студентите, пренесува „Данас“.

„Земјоделците ќе им помогнат и ќе ги поддржат студентите со организирање готвење гулаш за нашите академски граѓани и борци за нормално и уредно општество, на терените на Универзитетот во Нови Сад во сабота, 21 декември, со почеток во 9:30 часот“, се вели во соопштението на Иницијативата за опстанок на српските земјоделци, која е едно од повеќе обединети земјоделски здруженија кои деновиве организираат протести и блокади на патишта низ Србија.

Од почетокот на студентските блокади, земјоделците апелираат за помош во вид на храна и потребни намирници, но и за координирана поддршка во бројност со луѓе на блокадите.

Пред една недела, претставници на Здружението на млекопроизводители „Наше млеко – Мачва“ ги посетија студентите кои го блокираат Филозофскиот факултет во Нови Сад и им донесоа домашна храна, пијалоци и разни потребни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот