Зеленски вели дека со нападот на Иран врз Израел се докажува нешто „многу важно“

Володимир Зеленски / Фото EPA-EFE/Piotr Nowak

Нападот на Иран врз Израел докажува нешто многу важно – дека современите системи за противвоздушна одбрана спасуваат животи, изјави доцна синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски по големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети врз Израел.

Според израелската војска, огромното мнозинство од повеќе од 300 проектили – вклучувајќи околу 170 беспилотни летала и 120 балистички проектили – истрелани кон Израел од Иран и неговите посредници биле пресретнати од системите за противвоздушна одбрана и израелските сојузници.

„Современите системи за противвоздушна одбрана се способни да заштитуваат животи – ова се покажа на Блискиот Исток кога авијацијата и противвоздушната одбрана соборија ирански ракети и беспилотни летала Шахед насочени кон Израел“, рече Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот