Фото: Прес-служба на украинскиот претседател

Украина формира странска легија со доброволци

Украина формира „меѓународна” легија на доброволци од странство, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски.

„Ова ќе биде клучниот доказ за вашата поддршка за нашата земја”, нагласи Зеленски во пораката до доброволците.

Волонтери од повеќе европски земји веќе се упатија кон Украина за да се борат на страната на земјата против руската агресија.

Зеленски вчера соопшти и дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, а меѓу другото зборувалеи за помошта од ЕУ за Украина.

„Украина се бори против напаѓачот со оружје во раце, бранејќи ја својата слобода и европска иднина. Разговаравме со Лајен за ефикасна помош за нашата земја во оваа херојска борба. Верувам дека и ЕУ ја избира Украина”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот