Зеленски смета дека безбедносните договори ги прошируваат можностите на Украина

Володимир Зеленски / Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Секој договор во областа на безбедноста ја приближува Украина до поголеми можности, поголема глобална интеракција и поголема моќ, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на платформата Х, цитиран од Укринформ.

Тој истакна дека неговата земја веќе склучила вакви договори со шест земји – Велика Британија, Германија, Франција, Данска, Канада и Италија.

„Секој таков договор ги проширува нашите можности и глобалната интеракција и не прави посилни. Во исто време, секој таков договор го зајакнува меѓународниот поредок заснован на правила“, нагласи Зеленски. „Колку поблиску соработуваме, толку побрзо ќе бидат поразени руските терористи“, додаде тој.

Зеленски се заблагодари на секој лидер и на секоја земја што и помага на Украина.

Укринформ пренесува дека Киев веќе почнал преговори и со Норвешка за склучување билатерален безбедносен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот