Зеленски пред Европскиот парламент/ Фото EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

ВИДЕО | Зеленски пред европратениците: Докажете дека сте Европејци, нека биде Украина членка на ЕУ

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се обрати пред европратеници на вонредна пленарна седница на Европскиот Парламент и побара од Европската Унија да ја докаже својата заложба за европска Украина.

Вонредната пленарна седница на Европскиот Парламент е денеска целосно посветена на агресијата на Владимир Путин врз Украина.

Преку видео врска од Украина, Зеленски изјави дека сака од европратеницита да слушне дека го поддржуваат украинскиот проевропски избор.

Украина вчера поднесе официјално кандидатура за членство во ЕУ. Европскиот Парламент денеска со огромно мнозинство ќе изгласа резолуција за поддршка на барањето за членство на Украина.

-Сакаме да бидеме еднаква членка во Европа, верувам дека покажуваме дека сме тоа, ЕУ ќе биде многу посилна со Украина, а Украина без ЕУ ќе биде осамена. Ја докажавме нашата сила, и дека во најмала рака сме исти како и вас, така што сега докажете дека сте со нас, дека нема да нѐ напуштите, докажете дека сте навистина Европејци, им порача претседателот Зеленски на европратениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот