Зеленски го именуваше новиот украински воен врв: Нови пет команданти ќе бидат дел од тимот на генерал Сирски!

Олександр Сирски и Володимир Зеленски / Фото: Ukraine Presidential Press Servi / Zuma Press / Profimedia

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги објави имињата на пет високи воени функционери, со што го затвори составот на тимот на генерал-полковник Олександр Сирски, новоименуваниот врховен командант на украинската армија.

Одлуката доаѓа откако Зеленски се сретна со воените лидери и владата, каде што ја истакнал важноста „командантите кои се бореле во војната да преземат нови должности“, се вели во извештајот на Ројтерс.

Украински генерал Олександр Сирски со војниците / Фото EPA-EFE/YEVGEN HONCHARENKO

Новите имиња кои се приклучуваат на врвот на украинската армија се Вадим Сухаревски, Андриј Лебеденко, Володимир Хорбатјук, Олексеј Шевченко и Михаило Драпатиј.

Зеленски  посочил  дека ќе продолжи со обновата на воениот тим, а Сирски, поранешен командант на копнените сили, беше унапреден во врховен командант во четвртокот, наследувајќи го Валериј Залужни.

Зеленски и Залужни / Фото Профимедиа

Во петокот Зеленски го назначи генерал-мајор Анатолиј Бархилевич за нов началник на Генералштабот, на местото на Серхи Шаптала. Овие промени во военото раководство се дел од пошироките напори за зајакнување и ревитализација на украинската војска.

Според информациите кои ги пренесува „Политико“, клучна причина за смената на Залужни било неговото одбивање да ги исполни препораките на американските советници во врска со летната офанзива на украинската армија.

Оваа офанзива, според изворот, завршила со целосен колапс, што дополнително ги продлабочило несогласувањата меѓу Залужни и Пентагон.

Спорот меѓу врховниот командант и американските воени советници достигна кулминација околу стратегијата за спроведување на офанзивата.

Пентагон ја истакна потребата од силно продирање во одредена насока, според проценките на американските офицери. Меѓутоа, наместо тоа, Киев започна офанзива на неколку фронтови истовремено, верувајќи дека тоа ќе и отежне на руската војска да испрати војници на различни точки.

Валериј Залужни/ Фото EPA-EFE/GLEB GARANICH / POOL

„Политико“ тврди дека разговорите меѓу Залужни и Пентагон траеле неколку недели, но станало очигледно дека Украинците не се подготвени да ги прифатат советите на Американците. Ваквиот развој на настаните доведе до одлука на Зеленски да го смени врховниот командант и да го назначи Александар Сирски на клучна позиција.

Во изјавата, Зеленски ја истакна својата посветеност за обнова на тимот, а новите назначувања ја одразуваат неговата стратегија за распоредување искусни воени лидери за зајакнување на способноста на украинските сили во предизвикувачка безбедносно опкружување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот