Зеленски бара повеќе помош од западните партнери по новите руски напади

Володимир Зеленски / Фото EPA-EFE/Piotr Nowak

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка откако најмалку 13 лица беа убиени во новиот руски ракетен напад утринава врз северниот град Чернигов.

„Тоа немаше да се случи доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и имаше доволна решеност на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на Телеграм.

Министерот за внатрешни работи Ихор Клименко во изјава за Телеграм кажа дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени, а спасувачките операции се во тек.

Во нападот беа оштетени четири високи згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.

Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.

Русија го изврши нападот со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис Суспилна.

-Локалното население е повикано да дарува крв, рече градоначалникот Олександр Ломако.

Чернигов се наоѓа на околу 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија.

Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернигов беше нападнат, но не беше преземен. Во последните две години тој често е цел на руски артилериски оган и воздушни напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот