
„Зелени градови и урбана отпорност“: Средба на Шилегов со градоначалникот на Тирана, Велиај
Градоначалникот Петре Шилегов денеска имаше средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој е во еднодневна посета на Скопје. На средбата, двајцата градоначалници разговарале за досегашната успешна соработка меѓу Скопје и Тирана и за можностите таа соработка меѓу двата збратимени града да се продлабочи.
Препорачано
Како што информираат од Град Скопје, на состанокот се зборувало и за концептот на зелени градови, планирањето на просторот и за урбаната отпорност, актуелни теми кои ги засегаат и двете локални самоуправи.
– Шилегов и Велиај дискутираа и за можностите за забрзан економски развој на Скопје и на Тирана и за концептот на паметни градови. Тие разменија позитивни искуства за одржливиот урбан транспорт, инфраструктурните решенија и подигнувањето на комуналната хигиена. По средбата, двајцата градоначалници возеа велосипеди низ Градскиот парк, го посетија Дино паркот и направија прошетка до новата тартан патека во паркот, стои во соопштението.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5