Горјан Јовановски Фото: Фејсбук Зелен хуман град

„Зелен хуман град“ ја повлече најавената промоција на својата неименувана кандидатка за Скопје

Граѓанската иницијатива која собира потписи да стане политичка партија, „Зелен хуман град“ за попладнево најави прес-конференција на која требаше да го претстават својот кандидат за градоначалник на Скопје, но ја откажа поради, како што велат оттаму, здравствени причини.

Според последното известување, кандидатката за градоначалничка на коалицијата го откажала пресот, а и кандидатурата, поради здравствени причини.

ЗХГ не го соопшти официјално името на кандидатката, само ја опишаа како личност со историја на борба за јавниот интерес и визија за град кој ќе биде дом за сите, а не пазар на бетон и профит за алчното малцинство што три децении ни го уништува градот.

„Оваа кандидатура не е само уште едно име на ливчето. Ова е повик за отпор. Повик за надеж. Повик за град по мерка на луѓето, а не на партиските елити. Ова е продолжување на зелената и хумана трансформација на Скопје што ја започнавме пред четири години“, стоеше во поканата за прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот