Фото: Pexels / Lisa from Pexels

Здрав напиток за чистење на организмот: Прави чуда, а сите состојки ги имате во кујната

Доколку јадете многу масна и слатка храна, може да се соочите со вишок килограми или тежина во желудникот од која тешко се ослободувате.

Овој утрински рецепт за детоксикација и чистење на организмот има повеќекратни придобивки за вашето здравје, меѓу кои и полесно варење и намалена непријатност во стомакот.

Рецептот се состои од две состојки: ѓумбир и нане.

Ѓумбирот и нането со векови се користат во традиционалната медицина поради нивната способност да го стимулираат варењето и да промовираат детоксикација.

Ѓумбирот има силни антиинфламаторни својства и може да му помогне на црниот дроб ефикасно да ги процесира токсините. Познато е дека нането го смирува желудникот и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Заедно прават прекрасен утрински пијалок за детоксикација.

За да го направите овој напиток, варете мало парче свеж ѓумбир и неколку листови нане во вода 5 минути.

Процедете го чајот и испијте го топол на празен стомак наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот