
Завршува тежок период: Четири хороскопски знаци ќе „процветаат“ до крајот на септември
Според предвидувањата, втората половина на септември 2025 година носи завршување на тешките циклуси и почеток на нова животна фаза за четири хороскопски знаци. Љубовта, финансиите и личниот раст повторно се враќаат во рамнотежа, пишува „Атма“.
Препорачано
Крајот на септември носи големо олеснување за четири хороскопски знаци. По месеци полни со предизвици и чувството дека животот стои во место, пред нив е ново поглавје. Товарот што го носеа долго време конечно почнува да им се симнува од грбот, а се отвора простор за љубов, радост и стабилност.
Овој период е обележан со низа значајни настани на небото. Ретроградниот Сатурн во знакот Риби повторно ги активираше темите за карма и дисциплина, а затемнувањето на Месечината означи крај на важен животен циклус. До крајот на месецот нè очекува и затемнување на Сонцето, што носи можност за нов почеток. Токму оваа комбинација, за одредени знаци, носи крај на долготрајните проблеми и влегување во време на личен напредок.
Бик
Биковите во текот на оваа година често имаа чувство дека се вртат во круг, особено кога станува збор за љубовта. Многумина останаа заглавени во шеми од кои изгледаше невозможно да се излезе. До крајот на септември, тој круг конечно се затвора.
Оние што се слободни би можеле да доживеат изненадување – некој што долго време е во нивна близина може да ги открие чувствата што ги криел. За оние Бикови што се во врска, ова е време кога односот повторно добива леснотија и свежина, како да се открива некоја нова димензија на партнерството.
Сепак, универзумот бара и преиспитување на односот кон парите. Биковите често даваат многу на другите, но сега е време да се запрашаат дали добиваат доволно за возврат. Балансот помеѓу дарежливоста и сопствената сигурност станува клучна тема. Само така можат да почувствуваат вистинска стабилност и напредок.
Лав
Лавовите влегуваат во еден од најважните периоди во последните неколку години. Се завршува кармичкиот циклус што долго ги оптоваруваше. Сè што се повторуваше одново и одново (грешките во односите, носењето туѓи товари, семејните драми) сега доаѓа до точка каде што конечно може да се отпушти.
Особено е важно да се обрне внимание на љубовта и семејните односи. Ако продолжат да одат по истиот пат и да ги повторуваат старите грешки, Лавовите ризикуваат да ја пропуштат можноста за раст. Но, ако одлучат да го променат пристапот, ги чека период на внатрешен мир и нов почеток.
Финансиите, исто така, играат голема улога. Лавовите влегуваат во фаза во која се затвораат долговите и се отвора простор за постабилна иднина. Доследноста и дисциплината сега носат резултати, а многумина ќе почувствуваат олеснување бидејќи повеќе не мора да го носат товарот на минатите обврски.
Скорпија
За Скорпиите, септември носи силен пресврт во љубовта. Последните месеци многумина чувствуваа дека нема возбуда, како љубовниот живот да ја изгубил препознатливата искра. Токму сега ситуацијата се менува – се враќа интензитетот, а емоциите стануваат посилни отколку долго време.
Но, освен љубовта, посебно внимание треба да се обрне и на социјалното опкружување. Некои луѓе во близина можеби ви ја исцрпуваат енергијата и го спречуваат вашиот раст, особено кога станува збор за финансиите. Време е да направите селекција и да се опкружите со оние што ве поддржуваат, а не со оние што ве кочат.
Кога ќе се ослободите од овие невидливи товари, ќе откриете колку брзо универзумот ја наградува вашата одлучност и јасност.
Водолија
Водолиите завршуваат долготраен циклус поврзан со односите. Промените што доаѓаат не се поврзани само со тоа што го прават другите, туку пред сè со начинот на кој вие самите се однесувате и кои шеми ги повторувате.
Ова е време на интроспекција. Клучни стануваат прашањата како: „Зошто секогаш ги привлекувам истите типови на односи?“ или „Кои шеми треба да ги променам за да го привлечам/ам партнерот што го сакам?“. Токму во тие одговори лежи патот кон љубовта што ќе ве исполни.
Додека работите на себе и ги согледувате сопствените шеми, паралелно се отвораат и деловни можности. До крајот на септември можни се унапредувања, преземање важни проекти или нови понуди што носат финансиска стабилност.