фото: скриншот

Завршија масовните комеморативни собири: Алчноста на власта ја доведе Србија во ваква страшна состојба

Студентите ги поканија сите граѓани на 1 ноември, на годишнината од трагедијата, да дојдат во Нови Сад на најголемиот собир во историјата на Србија.

Завршија комеморативните собири низ цела Србија по повод одбележувањето на 11 месеци од трагедијата и во спомен на 16-те жртви кои смртно настрадаа од падот на настрешницата во Нови Сад.

Студентите ги поканија сите граѓани на 1 ноември, на годишнината од трагедијата, да дојдат во Нови Сад на најголемиот собир во историјата на Србија.

Пред да почне 16-минутното молчење во спомен на 16-те жртви од паѓањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, студентка порача дека алчноста ја довела Србија во сегашната состојба, објави Нова.рс.

„Оваа ситуација во општеството и во државата може да се поправи. Првиот чекор кон тоа е поддржувачите на таа корупција да бидат отстранети од јавните позиции и луѓето да разберат дека судбината зависи од секој од нас. Не од неколку избрани претставници, туку од сите нас заедно. Нашата судбина зависи од нашата подготвеност да ги контролираме оние што ги избравме, оние на кои им доверивме да ја водат нашата земја“, рече студентката за време на одбележувањето на 11 месеци од трагедијата во Нови Сад.

Таа рече дека студентите во блокадата им порачуваат на луѓето од Србија да продолжат да дејствуваат солидарно.

„Само со заедничко дејствување ќе можеме да постигнеме промени во општеството“, рече студентката.

ВИДЕО | Длабока тишина и непрегледна колона граѓани и студенти: Комеморативни собири во Србија за 16-те жртви од трагедијата во Нови Сад

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот