Заврши обдукцијата за бебето кое почина во битолската болница

Заврши обдукцијата за смртта на бебето на 21-годишната родилка од Битола, потврди за „Слободен печат“ директорката на болницата Елизабета Ивановска. Но, наодот не е напишан, па таа не сподели дали навистина бебето имало аномалии како што претходно изјави.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат врши вонреден надзор за околностите под кои почина ова бебе. Станува збор за пациентка која што имала 21 година и ова ѝ била четврта бременост. Според родилката Сара Керимова, нејзината бременост била контролирана, односно на гинеколог одела и во Германија до петтиот месец од бременоста и во Македонија на приватен гинеколог. Царскиот рез ѝ бил закажан за неделата утрото, но бебето се родило починато според официјални изјави од болницата.

Керимова вчера за „Слободен печат“ изјави дека на прегледот кој му претходел на царскиот рез, имало срцева акција и бебето било живо.

Сара Керимова: Не знам што да мислам за смртта на моето бебе, зашто само еден час пред породувањето срцето му чукаше и јас го слушав

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот