Фото: Robyn Beck / AFP / Profimedia

Заврши најдолгиот штрајк на актерите во историјата: Холивуд продолжува со работа веднаш

Во раните утрински часови официјално заврши штрајкот на американскиот синдикат САГ-АФТРА (SAG-AFTRA), во кој се вклучени околу 160.000 филмски, телевизиски и гласовни актери и сродни професии, кој траеше вкупно 118 дена, со што стана најдолгиот штрајк на актерите во Холивуд во историјата.

Иако филмските студија го предупредија синдикатот дека нема да можат да се вратат на филмските сетови до јануари, бидејќи празниците ќе започнат, некои филмови треба да продолжат со снимањето оваа недела, пишува „Дедлајн“ (Deadline). 

„Дедлајн“ дознава кои филмови наскоро ќе продолжат или ќе почнат да се снимаат, како и потенцијални датуми за премиери на некои големи буџетски филмови кои треба да бидат прикажани следната година.

„Дедпул 3“, со Рајан Рејнолдс и Хју Џекман во главните улоги, а во режија на Шон Леви, треба да продолжи со снимањето оваа недела. Извори за „Дедлајн“ велат дека околу половина од филмот е снимен досега.

Меѓу филмовите кои веднаш продолжуваат со снимањето се „Гладијатор 2“ на кој работат Ридли Скот и студиото „Парамонт“ и „Сок од бубачки 2“ во режија на Тим Бартон, кој има само уште два дена снимање.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Продолжува со продукција и трилерот „Поротник 2“, во режија на Клинт Иствуд и со Николас Хулт и Тони Колет во главните улоги. На филмот на Иствуд му остануваат уште десет дена од снимањето.

На врвот на приоритетната листа на „Сони“ се филмовите „Отров 3“ и „Завршува со нас“. „Завршува со нас“ е адаптација на истоимениот бестселер на Колин Хувер, со Блејк Лајвли и Џастин Балдони во главните улоги. Филмот треба да излезе на почетокот на февруари следната година, а датумот за премиера сѐ уште не е одложен.

Ненасловениот филм за Формула 1 со Бред Пит во главната улога, „Мортал Комбат 2“ и „Добра среќа“ со Киану Ривс и Сет Роген во главните улоги исто така продолжуваат со снимање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот