Влатко Цеков („ПК Вардар 2018“)/фото: Национална пливачка федерација

Заврши Летното отворено првенство во пливање, Влатко Цеков со шест нови национални рекорди

Заврши Летното отворено првенство на Македонија во пливање, кај помладите пионери во женска конкуренција триумфираше Теодора Колческа од ПК Младост, а кај мажите најдобар беше Влатко Цеков од ПК Вардар 2018.

Кај постарите пионери први места освоија Неда Миленковска од ПК Младост и Никола Велковски и ПК Вардар 2018.

Пливачот на ПК Вардар 2018, Цеков кој покрај тоа што освои пехар за најдобар пливач в категоријата Помлади пионери на Летното отворено национално првенство, тој постави дури шест нови Национални рекорди.

50м градно помлади пионери 50м базен
Стар рекорд Влатко цеков 35:42
Нов рекорд Влатко цеков 34:85

400м слободно помлади пионери 50м базен
Нов рекорд 4:40:35 Влатко цеков
Стар рекорд 4:47:10 Влатко цеков

100м градно помлади пионери 50м базен
Нов рекорд Влатко цеков 1:19:34
Стар рекорд Влатко цеков 1:19:76

100м слободно помлади пионери 50м базен
Стар рекорд 59:14 штафета влатко цеков
Нов рекорд 58:87 влатко цеков

200м слободно помлади пионери 50м базен
Нов рекорд Влатко цеков 2:12:55
Стар рекорд Влатко цеков 2:14:01

200м мешано помлади пионери
Нов рекорд Влатко цеков 2:26:79
Стар рекорд Влатко цеков 2:30:69

фото: Национална пливачка федерација

Во продолжение погледнете ги најдобрите пливачи на ова првенство по категории:

Помлади пионери
ЖЕНИ:Колческа Теодора ПК Младост
МАЖИ:Цеков Влатко ПК Вардар 2018

Постари пионери
ЖЕНИ:Миленковска Неда ПК Младост
МАЖИ:Велковски Никола ПК Вардар 2018

Кадети:
ЖЕНИ:Миленковска Неда ПК Младост
МАЖИ:Цеков Петар ПК Вардар 2018

Младинци
ЖЕНИ:Дамјанова Софиа ПК Вардар 2018
МАЖИ:Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018

Сениори
ЖЕНИ:Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион
МАЖИ:Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018

Додека во делот на Отвореното првенство на Македонија, најдобри пливачи се Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион и Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот