Затворен аеродромот во Копенхаген, дронови биле забележани во околината

Најголемиот дански аеродром во Копенхаген го суспендираше целиот сообраќај вечерва откако дронови беа забележани во околината, потврди полицијата, пишува Би-Би-Си.

Аеродромот во моментот е затворен за полетување и слетување затоа што во областа биле забележани неколку дронови.

-Не е познато колку долго ќе трае суспензијата, се вели во објавата на Икс.

Според податоците на „Флајтрадар”, сообраќајот бил суспендиран во 20.26 часот по локално време, а најмалку 15 летови биле пренасочени на други аеродроми.

Портпаролот на аеродромот потврди дека целиот сообраќај е запрен, но не соопшти дополнителни детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот