фото: kfsm.mk

Започна продажбата на влезниците за кошаркарскиот меч Македонија – Полска

На 24 февруари од 18.30 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, најдобрата македонска кошаркарска репрезентација ја пречекува селекцијата на Полска, во последното коло од групата „Х“ од квалификациите за Евробаскетот 2025.

Продажбата на влезниците за овој кошаркарски натпревар ќе се одвива преку онлајн сервисот на „МКТикетс“.

Цената на влезниците за овој важен меч на нашите најдобри кошаркарите е 300 денари.

Влезници за натпреварот Македонија – Полска на следниот линк ТУКА

Избраниците на селекторот Александар Јончевски се надеваат дека ќе остварат победа над Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот