
Западот преку видео игри ќе ја урива руската државна цензура за војната во Украина
Сите новитети во технолошкиот свет немаат негативен призвук кога станува збор за употребата на технологијата и ширењето на дезинформациите. Една интересна вест вели дека компјутерската игра „Кантер Страјк“ ќе се користи за превенирање на дезинформациите кои пристигнуваат во светот од Русија.
Препорачано
Според медиумите токму овој новитет во играта која е светски бренд во себе ќе има алгоритам за превенирање на лажни вести и достава на вистинити содржини до оние кои ја користат. Односно и до оние корисници кои ја играат играта во Русија а се бројат со милиони. Првите лица на компанијата која ја произведуваат видеоиграта велат дека овој несекојдневен пристап за борба со дезинформации ќе е новитет на пазарот кој ќе се протне преку државната цензура на вистината за војната во Украина која ја спроведува Москва во моментов.
Имено од почетокот на војната во Украина, руската влада блокираше речиси 500 веб-страници во обид да го потисне независното известување. Меѓу нив на списокот беа и новинските куќи, вклучувајќи ги Дојче Веле, Би-Би-Си и други како и мрежите на социјалните медиуми како Инстаграм и Соундклауд, па дури и веб-страниците на организациите за човекови права.
За да го избегнат овој нов дигитален заштитен ѕид, некои медиуми дојдоа до креативни решенија за „шверц“ на информации за руската војна во Украина достапни за луѓето во Русија. Во првите недели од војната, прегледите на Google или порталите за оценување како Tripadvisor беа користени за пренесување пораки додека американските компании не стават крај на тоа.
Сега, финскиот весник Helsingin Sanomat разви мапа за популарната компјутерска игра „Counter-Strike: Global Offensive“, која има околу четири милиони корисници во Русија. Во онлајн стрелачката игра, играчите се натпреваруваат да се натпреваруваат едни против други како терористички или антитерористички единици. Финскиот весник создаде мапа во играта насловена како словенски град или „de_voyna“. Мапата со име „Војна“ е збор што руските медиуми не смеат да го користат.
Онлајн игрите сè уште се дозволени во Русија
Антеро Мука кој е главен уредник на Хелсинг Саномат вели дека овој весник е одамна забранет во Русија, а неговата веб-страница е исто така блокирана таму поради што весникот известува за случувањата во Украина.
„На крајот на минатата година, почнавме да разговараме за тоа кој би можел да биде нашиот следен чекор. Потоа одеднаш добивме идеја дека сè уште не ги забраниле онлајн игрите во Русија – и знаевме дека „Counter-Strike“ е енормно популарен во Русија. “ изјави тој за ДВ.
Мапата беше објавена на 3 мај, Меѓународниот ден на слободата на медиумите. Во играта, играчите се борат низ улиците обложени со сиви, монтажни згради. Во виртуелна визба, означена со голем споменик и запален автомобил, играчите можат да ја најдат и скриената соба.
Внатре во неа има вести на руски кои се однесуваат за последните случувања поврзани за војната против Украина, собрани од фински воени известувачи. Пораките депонирани во виртуелниот подрум вклучуваат текстови и слики за масакрот во Буча, како и лични приказни, како онаа на татко чие бебе, сопруга и свекрва биле убиени од руска крстосувачка ракета во Одеса додека тој бил надвор од шопинг. Има и приказни за 70.000 руски војници кои загинале во битка но и многу други информации за кои руската јавност е ускратена да ги добие.
Ставање крај на цензурата
Во меѓувреме медиумите забележуваат дека можно е игрите што се користат за заобиколување на државната цензура да станат повообичаени во иднина. Но, западните експерти нагласува дека има многу начини да се пробие руската цензура и да се пренесат важни информации.
На пример, за да ги заобиколат блокираните веб-локации, луѓето се поврзуваат на интернет преку VPN, виртуелна приватна мрежа што ја крие локацијата на интернет-корисникот за да можат сè уште да пристапуваат до блокираните локации во Русија.
Некои гејмери ја критикуваа ароганцијата на западните земји на онлајн форумот Reddit, кој е популарен меѓу гејмерите. Тие велат дека на луѓето во Русија и другите земји со тешка цензура не им е потребна помош од Запад за да се информираат.
„Секое ново протекување во затворениот свет на цензурата е важно. Има многу интелигентни луѓе во Русија кои точно разбираат што се случува. Не сакаме да бидеме арогантни или да ги научиме ништо. Ние само сакаме да им дадеме можност да добиваат информации и да ги одржуваат тие линии отворени – вели Антеро Мука кој е главен уредник на Хелсинг Саномат.
Твитер се повлече од доброволниот кодекс за дезинформации на ЕУ
Социјалната мрежа Твитер се повлекла од доброволниот кодекс на Европската Унија (ЕУ) за борба против дезинформациите. Веста ја објави комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, кој ја предупреди компанијата на Илон Маск дека ќе мора да ги почитува новите закони, пренесува Би-Би-Си.
„Обврските остануваат. Можете да бегате, но не можете да се скриете“, напиша Бретон на Твитер.
Почнувајќи од 25 август, Твитер, како и сите други платформи што бројат повеќе од 45 милиони активни корисници месечно во ЕУ, ќе бидат законски обврзани да се борат против дезинформациите во блокот.
„Нашите тимови ќе бидат подготвени за спроведување“, додаде комесарот за внатрешен пазар Бретон.
Десетици технолошки компании се регистрирани на кодексот за дезинформации на ЕУ, а меѓу нив и „Мета“ – која ги поседува Фејсбук и Инстаграм, но и „Гугл“, „Мајкрософт“, „ТикТок“ и „Твич“.
Лансиран во јуни минатата година, кодексот има за цел да спречи профитерство од дезинформации и лажни вести, како и да ја зголеми транспарентноста со цел да го спречи ширењето на ботови и лажни кориснички сметки. Компаниите што го потпишуваат кодексот можат да одлучат кои ветувања кон ЕУ да ги дадат – соработка со проверувачи на факти или следење на политичкото рекламирање.
Откако Илон Маск ја презеде социјалната мрежа Твитер, критичарите велат дека модерирањето на содржините таму е намалено, што овозможило зголемено ширење на дезинформации. Гигантот на социјалните мрежи порано имаше посветен тим кој работеше на борба против координираните кампањи за дезинформација, но експертите и поранешните вработени на Твитер велат дека мнозинството од овие специјалисти дале отказ или биле отпуштени. Би-Би-Си минатиот месец откри дека стотици руски и кинески државни пропагандни профили напредуваат на оваа социјална мрежа.