Фото: Слободен печат

„Заминува“ елката од градскиот плоштад

Поминаа новогодишните и божиќните празници, православната Нова година и Богојавление, па со заминувањето на празниците заминува и елката од плоштад „Македонија“.

Денеска започна нејзиното демонтирање, а се тргаат и украсите од плоштадот. Дрвените куќички, од кои повеќето останаа затворени и за празниците и натаму стојат на плоштадот.

Минатата година така оставени ја дочекаа пролетта. Како ќе биде годинава и дали Град Скопје повторно ќе ги заборави, а потоа ќе објаснува дека овие куќички всушност не биле новогодишни туку служеле за повеќе намени, останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот