Фото: Фејсбук/Гоце Арнаудов

Подмолната болест го зеде прерано, но никогаш нема да се заборави: Македонските ѕвезди ќе пеат во чест на Гоце Арнаудов

На 6 декември се навршуваат 13 години откако не напушти легендата на македонската музика Гоце Арнаудов. Во негова чест на 4 декември 2024 година, во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица, ќе се одржи концерт со почеток од 19 часот.

Публиката ќе може да ужива во нотите од неговите мелодии во изведба на нашите познати пејачи, Елена Велевска, Александар Тарабунов, Ламбе Алабакоски, Кристина Арнаудова, Александра Јанева, Ленче и Горан Кукиќ, Огнен Здравковски, Борис и Билјана Димови, Бока Конга & Боби Сакс, Јовче Пандев и градскиот хор на Струмица „Распеани Струмичани“.

Сите оние кои се љубители на музиката на Арнаудов во изведба на колегите, како од народната, така и од забавната музичка сцена кои ќе пеат во негова чест, можат да му оддадат почит со своето присуство на концертот.

Дел од собраните средства ќе бидат донирани во „Фондација Арнаудов“, а влезниците можете да ги набавите на билетарница на дом на култура (секој работен ден од 08:00 до 15:00) по цена од 350 денари.

Гоце Арнаудов почина на 6 декември 2011 година, на 52 годишна возраст откако не успеа да ја победи битката со ракот.

Нам ни останува да го помниме по убавите песни кои ни ги остави зад себе и неговиот незаборавен глас.

 

(Комерцијала објава)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот