Александар Трајановски / Фото: Град Скопје

Заменикот на Данела сака да седне во нејзината фотелја – Трајановски е кандидат на ЛДП, ГРОМ, ПЦЕР и Интегра

Александар Трајановски официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори, со поддршка од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.

Трајановски, кој веќе осум години е активен во Советот на Град Скопје, вели дека зад себе има бројни иницијативи и предлози, како и искуство стекнато преку соработка со повеќе од 30 европски градови и учество на обуки за развој на локалната самоуправа.

„Денес сум подготвен да понудам конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, градот и јавните претпријатија“, напиша Трајановски во објава на социјалните мрежи.

Како носител на советничката листа ќе биде поранешниот градоначалник Ристо Пенов, за кој Трајановски нагласи дека е „човек кој веќе оставил длабок белег на овој град“.

ЛДП ќе оди на избори сама, но си средила „флерт“ со ГРОМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот