Фото: Принтскрин

Заменичката за правда им се извини на егејците: Станува збор за лапсус, мислев на Евреите

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ на денешната прес-конференција изјави дека направила ненамерна грешка во вчерашното интервју за ТВ 24, кога изјави дека во Уставот ќе бидат внесени и егејците.

Секако дека станува збор за лапсус, мислам дека на сите ви е јасно дека стануваше збор за Евреите и се извинувам на егејците, вели таа.

Во интервју на ТВ 24, заменик-министерката за правда изјави дека во Преамбулата на македонскиот Устав заедно со сите други народи кои ќе поднесат барање, ќе бидат внесени и егејците.

Кога ќе го видат предлогот ќе видат дека нема ништо лошо ако во Преамбулата влезат и другите народи кои поднеле барање, бидејќи не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Египќаните, егејците и сите оние кои ќе поднесат барање, изјави Аврамовска Мадиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот