Захарова ја опиша состојбата на фронтот како „монструозна и катастрофална“ за Зеленски

Марија Захарова / Фото EPA-EFE/EVGENIA NOVOZHENINA

Состојбата на фронтот за украинскиот претседател Володимир Зеленски е монструозна и катастрофална, дури и изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за можноста за испраќање војска во Украина нема да помогне, изјави официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова за руски медиуми.

-Ситуацијата на фронтот за режимот во Киев е монструозна, катастрофална. Ништо не може да ги спаси: ниту отворени лаги со минимизирање на загубите, ниту фалење. Дали таа изјава постигна ефект? Сосема спротивно, рече Захарова.

Захарова додаде дека во позадината на изјавите на Макрон има многу изјави на претставници на земјите на НАТО и неговите структури дека на кој било начин не размислуваат за испраќање војници во Украина.

-Сигналот беше токму спротивен – дека тие ја предадоа Украина и ќе продолжат да ја користат и предаваат, рече таа.

Макрон во понеделникот изјави дека на состанокот во Париз, на кој претставници на дваесет западни земји разговарале за понатамошна поддршка на Украина во конфликтот со Русија, била покрената темата за можното испраќање копнени сили на западните земји во Украина. Според него, учесниците не постигнале консензус на оваа тема, но ваквото сценарио не може да се исклучи во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот