Загреб блескаше во Норвешка, хрватскиот првак поблиску до осминафиналето во ЛШ

фото: EPA-EFE/Henning Bagger

Ракометарите на Загреб славеа во рамките од 12 коло во групата „А“ од Лигата на шампионите на гостувањето кај Колстад со 34:25 (18:10).

Хрватскиот првак по оваа висока победа во Трондхајм направи важен чекор кон пласман во осминафиналето и сега има три бодови повеќе во однос на норвешкиот шампион, а до крајот на групната фаза има уште две кола.

За Загреб доминираа Моралес и Кос со по пет голови, по четири имаа Сухолежник и Дибиров, а се истакна и голманот Мандиќ со 11 одбрани. На спротивната страна шест погодоци запиша Лисе, а три постигна Сагосен.

Загреб моментно на табелата е на шестото место, последно кое води во осминафиналето, со 12 бодови, додека Колстад остана на девет бодови.

Во следното коло Загреб на домашен терен ќе го пречека ПСЖ, додека Колстад ќе му гостува на Кјелце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот