
Загинаа над 25 Палестинци во серија израелски крвави напади низ Газа – „Лекари без граници“ ги прекина своите активности поради опасноста
Невладината организација „Лекари без граници“ соопшти дека била приморана да ги прекине медицинските активности во Газа, оставајќи ги пациентите и персоналот во голема опасност, поради засилената израелска офанзива и опколувањето на клиниките.
Најмалку 25 Палестинци се убиени во серија израелски напади низ Појасот Газа во утринските часови, вклучувајќи и смртоносен удар врз семејна куќа во централниот бегалски камп Нусејрат, објави „Ал Џазира“.
Препорачано
Претходно, невладината организација „Лекари без граници“ (МСФ) објави во петокот дека нејзините членови биле приморани да ги прекинат животоспасувачките медицински активности во градот Газа бидејќи израелските сили ја засилиле офанзивата, го опколиле клиниките и ги ставиле пациентите и персоналот во сериозна опасност, пренесе „Мидл ист монитор“.
„Неприфатливото ниво на ризик нѐ натера со голема неволја да одлучиме да ги суспендираме нашите животоспасувачки активности во градот Газа,“ се вели во соопштението на организацијата.
Координаторот за итни случаи на „Лекари без граници“ во Газа, Џејкоб Грејнџер, изјави дека групата немала друг избор освен да ги прекине операциите.
„Немавме друг избор освен да ги запреме нашите активности бидејќи нашите клиники се опколени од израелските сили. Ова е последната работа што ја сакавме бидејќи потребите во Газа Сити се огромни, а најранливите луѓе — бебиња на интензивна неонатална нега, пациенти со тешки повреди и животозагрозувачки болести — не можат да се евакуираат и се во сериозна опасност,“ рече тој.
Од организацијата посочуваат дека додека многумина побегнале на југ по наредбите за евакуација, а стотици илјади остануваат заробени во Газа Сити.
„Оние кои можат да заминат се соочуваат со невозможен избор: или да останат под интензивни воени операции и распад на јавниот ред, или да го напуштат она што останало од нивните домови, нивниот имот и нивните спомени,“ се вели во соопштението на организацијата.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно во петокот им порача на светските лидери дека неговата земја „мора да ја заврши работата“ против Хамас во Газа, држејќи пркосен говор и покрај сè поголемата меѓународна изолација поради неговото одбивање да ја прекине разорната војна.
Владата на Словенија го прогласи Нетанјаху за персона нон грата