Заев: Југохром нема да биде ставен во употреба без филтрите

Како држава правиме се што е во наша моќ за да го рестартираме Југохром. Го стимулиравме сопственикот, кој е во преговори за продажба на комбинатот со турски потенцијале купувач кој работи во истата дејност, да го доизгради филтерот. Се недеваме дека ќе се договорат и оти новиот сопственик ќе биде поажурен, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Југохром го затворивме и го условивме се додека не ги постави филтрите нема да биде отворен заради здавјето на луѓето од Полог. Обезбедивме повеќе од 1,1 милиони евра  за изградба на фитрите, а газдата досега има вложено сопствени 500.000 евра. Преговараме за да го мотивираме да продолжи со постапката за поставување на филтрите за која обезбедивме дополнителни 1,1 милиони евра, иако станува збор за приватна сопственост – рече Заев во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница.

Во моментов, посочи, течат преговори помеѓу швајцарскиот сопственик со потенцијален купувач од Турција кој работи во таа дејност и е подготвен да го заврши целиот процес и се надева дека ќе се договорат.

-Доколку се договорат ќе се забрза процесот на поставување на филтрите, а со тоа и стартувањето на Југохром. Како држава сме направиле се иако станува бор за приватна сопстеност. Веројатно ќе изгубиме одредени гласови заради тоа што луѓето не работат, но сепак здравјето е пред се и над се, и стоиме зад него. Правиме се што можеме Југохром час поскоро да биде ставен во употреба – потенцира Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот