
Зачин кој секојдневно го користиме, a го слабее имунолошкиот систем
Покрај срцевите проблеми и крвниот притисок, истражувачите велат дека премногу сол го оштетува и вашиот имунитет. Една неодамнешна студија покажа дека количината на сол што ја јадете може да ве направи подложни на бактериски и вирусни заболувања, како што е ковид – 19.
Препорачано
Студијата, објавена во списанието „Circulation“, се обиде да го продлабочи разбирањето што научниците го стекнаа во студија од 2015 година.
Во претходната студија, истражувачкиот тим откри дека зголемените нивоа на натриум во крвта влијаат на тоа како одреден вид бели крвни клетки се подготвува да реагира кога ќе почувствува нездрава клетка. Но, дури и на крајот на таа студија, вели д-р Сабрина Гајсбергер од Берлинскиот институт (БИМСБ), научниците „сè уште не знаеја што се случува во клетките“.
Така, за новото истражување, тимот на Гајсбергин го испитал „метаболизмот на имуните клетки кои биле изложени на високи концентрации на сол“, се наведува во соопштението. Овој пат, тие научија повеќе за тоа како солта влијае на имуниот систем: „Го нарушува респираторниот ланец, поради што клетките произведуваат помалку АТП и трошат помалку кислород“, објаснува Гајсбергер.
АТП или аденозин трифосфат, дефиниран како „универзално гориво што ги придвижува сите клетки“, обезбедувајќи енергија за мускулна сила и метаболичко регулирање, што значи дека ако високи нивоа на натриум во организмот предизвикуваат недостаток на АТП, тоа влијае на тоа како овие бели крвни зрнца созреваат , како и колку ефикасно можат да функционираат тие бели крвни клетки, кои во голема мера се одговорни за имунолошкиот одговор на организмот, пренесува „Eat This, Not That“.
Колку сол е безбедно да се јаде секој ден? Според оваа студија: „Нутриционистите препорачуваат возрасните да го ограничат дневниот внес на најмногу пет или шест грама. Ова ограничување ја вклучува и солта што се крие во преработената храна“.